Универзална етика


Објавено на: 26.11.2009

Универзалната етика е нова појава која се стреми да создаде универзална човечка етика во целиот свет. На 25 ноемви, 2009г., д-р Кирил Темков, професор по етика на Универзитетот „Свет Кирил и Методиј“, беше гостин во нашата гимнaзија и одржа предавања за учениците од втора и четврта година. Обете предавања кај учениците што ги следеа предизвикаа големо внимание.         

d-r_Kiril_kniga

За учениците од втора години проф. Темков говореше на тема „Универзалните етички вредности, како основа на модерното доба“. Напредокот на информатиката создаде поврзување на светот во една целина.Таа целина впрочем претставува една заедница со универзални и постојани вредности како што се: чесност, љубов, пријателство, поддршка, солидарност. Универзалната етика е нова појава која се стреми да создаде универзална човечка етика во целиот свет, врз основа на различните животни искуства и моралните практики. Многу светски етичари, како и светските организации-ООН и УНЕСКО, побараа да се создаде обединета етика на човештвото. Нејзината изградба е единствена и најважна етичка задача на денешицава, затоа што ја истакнува вредноста на етиката за човечкото живеење и воспоставување единстен систем од етички ставови, кои би ги прифатиле и би ги следеле поголем број од луѓето во светот. 

Учениците од четврта година имаа прилика да се запознаат со интерсните ставови на проф. Темков на темата „Животот и филозофијата“. Младите се наоѓаат пред најголемиот крстопат во животот. Најдобро за нив е нивното време да го искористат во осознавање и образување, бидеќи ова се вистинските вредности коишто светот ги бара. Ова е време на цивилизираност и прогрес. Светот денес целосно е отворен за младите и за нивните реални желби и знаења коишто ќе им го унапредат животот и ќе му дадат нов квалитет.
Филозофите кои се претходници на своето време ги надминувале искушенијата за животот на мудар начин. „Тргај се од злото и прави добро“ е мисла на основоположникот на македонската писменост и литература Свети Климент Охридски, којашто младите би можеле да ја сфатат како важен лајт мотив во нивние животи. Само на тој начин ќе изградат позитевни ставови и јасни цели, што ќе им бидат постојан водич кон успехот.