Успешно имплементирање на е-учењето во наставата


Објавено на: 24.03.2011

Континуираното надградување и усовршување на наставниците во организирање на наставните содржини е постојана заложба во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“. Задоволството што е-учењето профункционира во наставата оваа учебна година, денес го искажаа сите наставници коишто посетуваа Moodlе обука.

SertifikatiMoodle_1

Впрочем, директорката г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, направи свечен прием за сите наставници, на коишто им беа врачени сертификати од г-дин Зоран Здравев, раководител на центарот за е-учење и професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Директорката најпрво се заблагодари за покажаниот професионализам и за добрата соработката на Универзитетот со нашето училиште, а потоа им честита на сите наставници што успеале е-учењето да го спроведат во наставниот процес.

Moodle4

Е- учењето успешно се имплементира по одредени предмети, скоро во сите наставни години, преку е-курсеви, е-материјали, е-тестови и сл. Сертификати добија: директор Невенка Поп-Ангелова, проф. по македонски јазик и литература Катица Манева, проф. по англиски јазик Александра Петреска, професорите по информатика Андосија Ристова и Зоран Милевски, проф. по хемија Магдалена Убавкова, проф. по биологија Богде Коцева, педагог Јасминка Иванова, проф. по правни предмети Пандорка Јосифова, проф. по економски предмети Костадинчо Петров, проф. по музичка уметност Драган Вељковиќ и проф. по спорт и спортски активности Блашко Клинчаров.

SertifikatiMoodle_3

Ова е само почеток којшто понатаму ќе се надградува и ќе биде дополнително средство во наставниот процес. На светски рамки е-учењето зазема сè поголем интерес и примена во средното образование, меѓутоа уште позастапено е на универзитетите. А тоа е и наша цел. Воопшто да не заостануваме и да бидиме во чекор со сите светски трендови на полето на едукацијата.