Светкото годишно собрание на Проектот за мир – Rete Progetto Pace


Објавено на: 29.03.2011

Минатата седмица на 29.03.2011 година, во Венеција се одржа Светкото годишно собрание на Проектот за мир – Rete Progetto Pace. Нашата Гимназија ја претставуваше Наталија Давчевска, ученичката од III година, како дел од тимот на ГУЦ „Здравко Цветковски“ од Скопје кои впрочем се и главни координатори на овој проект.

ProektZaMir_1

На Годишното собрание околу 300 училишта ја претставуваа својата земја, но сепак меѓу нив најдобро се претставиле нашите претставници и ја освоиле првата награда. Песната „Т ‘га за југ“ од Константин Миладинов препеана на италијански јазик, била доволно оригинално и уметнички презентирана, со сентенци на македонски јазик. Моментот на доделувањето на наградата може само да се доживее и сигурно ќе остане вечно запаметен од сите учесници. Велат дека само радост, среќа и насмевки можеле да се видат на нивните лица во преубавата Венеција. Горди на големиот успех и збогатени со прекрасни доживувања, пресреќни се вратија во нашата сакана Македонија.

ProektZaMir_2

Ова патување секако дека ќе биде ново, скапоцено искуство, коешто ќе биде пренесено и на останатите членови и учесници во Проектот за мир. Се надеваме дека идната година повеќе ученици од нашето училиште ќе имаат можност да го доживеат истото.

ProektZaMir_3