Визија за поуспешно учење преку системот за е-учење Moodle
Објавено на: 29.03.2012
За успешно интегрирање на учениците во глобалното информатичко општество, во наставниот процес во СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци се воведе системот за е-учење Moodle. Понесени од идејата овој систем да се претстави пред пошироката јавност учениците изработија документарен филм Визија за поуспешно учење преку системот за е-учење Moodle. Погледнете го видео материјалот и дознајте нешто повеќе за идејата, реализацијата и резултатите од овој проект.
Учениците кои посетуваат проектна активност Литературни клубови и драмски секции работат на уште еден документарен филм со наслов Од страниците на нашата младост. Во филмот своите спомени од гимназиските денови ги евоцираат еминентни личности кои своето образование го стекнале во ова училиште. Гимназијата е претставена како храм на знаење,остварени соништа и успеси, што треба да претставува поттик и патоказ за сите идни генерации кои сакаат да го отворат патот на успехот и да чекорат кон сигурна иднина.
{qtube vid:=PidUpJt4XHY}