Успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото“


Објавено на: 30.03.2010

По повод одржувањето на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, се преземени сите неопходни активности, за акцијата успешно да биде реализирана.

DenNaDrvotoРаководниот и стручниот тим изготвија акционен план за организирање на активности за реализација на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, согласно насоките од МОН и Локалната самоуправа на општина Кавадарци.

Во акцијата се вклучија и членови од Советот на родители кои донесоа декоративни садници од најблиската подружница на јавното претпријатие „Македонски шуми“, што беа предвидени за садење и уредување на училиштниот двор.

                       Den_na_drvoto_1

Локацијата за пошумување беше одредена на месноста Мелци, каде учениците од III и IV година, заедно со класните раководители и со одговорните професори по спорт и спортски активности беа ангажирани за пошумување на декоративни садници. Превозот до наведената локација беше обезбеден од Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.

Den_na_drvoto_2

Учениците од I и II година, како и сите останати вработени во Гимназијата, заедно со родителите беа ангажирани за средување и чистење во и околу училиштето и за садење на декоративни садници во училишниот двор. 

Den_na_drvoto_3

Сакаме да нагласиме дека СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, и во иднина ќе ја поддржува акцијата „Ден на дрвото“ која ја спроведува Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.