Вежба за заштита и спасување на учениците и вработените во гимназијата


Објавено на: 16.04.2015

Во рамките на годишната програмата за работа на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, во текот на учебната 2014/2015 година е предвидена и вежба за заштита и спасување на учениците, вработените, но и на материјалните добра. За таа цел беше изведена показна вежба на 16.04.2015 година заедно со одговорните фактори во општина Кавадарци.

IMAG0865

Целта на вежбата беше увежбување на правилно постапување на вработените, припадниците на Универзалното одделение за заштита и спасување и учениците во случај на појава на пожар:

– Вршење на евакуација (поместување на безбедно место) на учениците, вработените и затекнатите странки;

– Употреба на заштитни средства и опрема;

– Давање на прва медицинска помош;

– Увежбување на координација на одговорното лице на СОУ со учесниците на вежбата и одговорните субјекти за заштита и спасување: ТППЕ, ПС-Кавадарци, Здраствен дом,ПОЗС и др.

DSCN0185

IMAG0869

DSCN0142

Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк