Во периодот од 26.-28.05.2021 г. професори и ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци учествуваа на виртуелна работилница во рамките на Еразмус+ проектот Heritage Education Learning Program – HELP. Работилницата беше организирана од средно училиште од Португалија (Agrupamento de Escolas Camilo Castelo Branco, Vila Nova de Famalicão). Покрај нашите учесници, на неа учествуваа професори и ученици од училиштата партнери во проектот од Турција (Galatasaray Lisesi) и Азорес (Escola Secundária da Ribeira Grande, Ribeira Grande – S. Miguel – Açores). Работилницата беше на тема „Заеднички и инклузивни активности: зајакнување на учениците преку волонтерство и културно наследство“. На неа учествуваа Јасминка Чулева – директор, Христинка Косовска – проф. по латински јазик, Зоран Милевски – проф. по информатика, Благородна Лазова – проф. по информатика и учениците Викторија Алексова, Ангела Василевска, Кристина Ангеловска, Томе Тефов, Ангела Хаџи-Василева, Росана Камчева, Миа Мајсторчева, Витомир Јаневски, Соња Трпоска.
За време на виртуелната работилница, преку повеќе дигитални платформи и апликации, учесниците учествуваа во активности и работилници во интернационални тимови кадешто го претставија културното наследство од својата земја, вклучувајќи го и заштитеното културно наследство од страна на UNESCO. Исто така, се запознаа и со културното наследство од земјите на училиштата – партнери во проектот. Во рамките на активностите, учениците презентираа презентации подготвени при училишните активности во нашето училиште пред работилницата на тема – социјална инклузија. Преку преноси во живо, учениците го претставија и нашето музичко, историско и културно наследство со изведба на традиционална македонска музика и претставување на музејските поставки од Музејот на традиционална тиквешка храна на град Кавадарци. Сите три дена од Еразмус+ виртуелната работилницата, учесниците ги претставуваа своите резултати и продукти од активностите во текот на работилницата.
На почетокот на тридневната виртуелна работилница, директорите од училиштата – партнери говореа за важноста на учеството во интернационални училишни проекти и соработка, како и за активностите во нивните училишта во однос на инклузивното образование и интеграцијата на културното и историското наследство во образовниот процес.
За време на виртуелната работилница, се одржаа и две сесии на обука на професори. Една од обуките со наслов „Училишта, ученици и професори на иднината“ беше водена од Зоран Милевски, проф. по информатика, на која професорите се запознаа со нови дигитални алатки за креирање на интерактивни видео-содржини при креирање на отворени едукативни ресурси и нивна интеграција во сегашните платформи за е-учење. Исто така, професорите – учесници во проектот имаа состаноци на кои ги претставија досегашните резултати и производи од активностите на проектот во изминатиот период помеѓу претходната работилница и сегашната, како и за сите активности во периодот на имплементација на проектот.