Општинскиот натпревар по Биологија


Објавено на: 23.04.2021

   И оваа година Општинскиот  натпревар по Биологија се реализира преку online тестирање, на ден 14.04.2021 година (среда). Учениците кои учествуваа на  натпреварот заради вонредните услови и состојбата со пандемијата, тестирањето го изведуваа од дома. Беа вклучени преку Microsoft Teams заедно со своите ментори, а тестирањето беше преку Class Marker платформата . На натпреварот учествуваа 20 ученици од нашето училиште.

   Учениците и во вакви услови постигнаа одлични резултати. Освоија повеќе награди и пофалници, а со тоа си обезбедија сигурно учество на Регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 10.05.2021 година. (Сите ученици со награди и пофалници ќе учествуваат на следниот Регионален натпревар).

    На сите ученици и нивните ментори им се заблагодаруваме за учеството на Општинскиот натпревар, им честитаме за освоените награди и пласманот за Регионален натпревар. Ние се гордееме што во нашата  Гимназија „ Добри Даскалов“ учат амбициозни и вредни ученици кои неуморно работат и постигнуваат одличен  успех. Нека им е со среќа.

Следува табелата со учесниците кои учествуваа на натпреварот и постигнатите резултати:

 

Ред.бр. Име и презиме на ученикот Клас (година) Освоена награда Ментор
1. Ивана Илова I-5 Трета награда Богде Коцева
2. Благица Сивакова I-5 Пофалница Богде Коцева
3. Томе Ѓондев I- 3 Втора награда Богде Коцева
4. Филип Јосков I-3 Трета награда Богде Коцева
5. Никола Камчевски I-3 Трета награда Богде Коцева
6. Љупче Каракутовски I-3 Пофалница Богде Коцева
7. Јована Белевска III-3 Пофалница Богде Коцева
8. Благој Трајков III-3 Трета награда Богде Коцева
9. Милица Василова III-3 Втора награда Богде Коцева
10. Михаела Темелкова III-5 Прва награда Богде Коцева
11. Магдалена Ризова III-5 Трета награда Богде Коцева
12. Маја Манева III-4 Пофалница Богде Коцева
13. Соња Трпоска III-4 Втора награда Богде Коцева
14. Аница Цветкова III-4 Учество Богде Коцева
15. Фани Јованова III-4 Пофалница Богде Коцева
16. Викторија Бошева III-4 Учество Богде Коцева
17. Слободан Јовановиќ IV-3 Трета награда Елизабета Иговска
18. Ивана Чиркова IV-3 Трета награда Елизабета Иговска
19. Жанина Богевска IV-3 Пофалница Елизабета Иговска
20. Изабела Богојоска IV-3 Пофалница Елизабета Иговска