Во рамките на предметот Практична настава ученици остварија средба со Градоначалникот на Општина Кавадарци
Објавено на: 26.12.2018
На ден 20.12. 2018 год, учениците од клас II 7 и клас III 7 при СОУ “Гимназија Добри Даскалов” од Кавадарци со образовен профил правен техничар, во рамките на наставните часови по наставниот предмет “Практична Настава” со предметните наставници Татјана Ралевска и Слободанка Стојанова остварија средба со Градоначалникот на Општина Кавадарци Господин Митко Јанчев . Се дискутираше за повеќе теми а акцентот беше ставен на задржување на младите образовани кадри во Кавадарци како и во планирањата за развивање на Кавадарци во модерен град. Учениците имаа можност да поставуваат прашања за се што е во нивни интерес. На крајот од средбата Градоначалникот Митко Јанчев им вети на учениците дека во наредните денови тој ќе биде гостин во СОУ Гимназија ” Добри Даскалов – Кавадарци на што учениците му изразија големо задоволство.