Ученици од нашето училиште во улога на археолози


Објавено на: 02.11.2019

Продолжувајќи ја соработката од претходните години со Музеј Галеријата на град Кавадарци, а со цел да се зголеми интересот за археологијата и историјата и оваа учебна година ученици од нашето училиште учествуваа во археолошки ископувања. Ученици од трета и прва година под менторство на професорката по историја Наташа Матакова во периодот од 01 октомври 2019 година до 10 октомври 2019 година беа дел од истражувачкиот тим во рамките на истражувачкиот проект “Систематско,археолошко истражување на локалитетот “Кртозов Рид“ с. Дреново, прифатен и финансиски подржан од страна на Министерството за култура – Скопје, а реализиран од Музеј Галерија на град Кавадарци.