Втора награда на Државниот натпревар по хемија


Објавено на: 29.05.2023

На 26 мај 2023 година (петок) на Институтот за хемија на Природно- математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот  натпревар по хемија за учениците од средните училишта.  Учениците се натпреваруваа во четири категории (I,II,III и IV година).

На Државниот натпревар учествуваа најдобрите ученици пласирани на регионалните натпревари.

Од нашата гимназија учествуваше ученикот Томе Ѓондев од III3 , под менторство на  професорката по хемија Даница Пецова.

Тој го освои второто место и му беше доделена диплома за освоена II награда во III категорија.

Учете и сакајте ја хемијата, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!