Учество на ученици-волонтери на ООЦК Кавадарци на настан во показна вежба „Брз одговор 23“


Објавено на: 02.06.2023

На ден 28.05.2023 година на Градскиот плоштад во Кавадарци се одржа настан Показна вежба “ Брз одговор 23 “ во присуство на Градоначалникот на Општина Кавадарци, Амбасадорката на САД во Македонија и Министерката за одбрана на РСМ на која беа презентирани оклопни и борбени возила.

Исто така имаше и уличен баскет во кој земаа учество над 10 групи, каде што присуствуваа претседателот на КФСМ Перо Антиќ и кошаркарот Тодор Гечевски.

Беше поставен штанд на самиот плоштад каде ученици од СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ Кавадарци, волонтери на Црвен на Рпублика Северна македонија Општинска организација Кавадарци делеа вода и сок за освежување на посетителите и натпреварувачите.

Нашите ученици-волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци  уште еднаш ја покажаа својата хуманост.