Учество на X по ред интернационална конференација за информатика и информатичка технологија CIIT


Објавено на: 24.04.2013

Во периодот од 18-21 април 2013 година во хотел Молика – Битола, се одржа X интернационална конференција за информатика и информатичка технологија CIIT 2013 во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ФИНКИ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и Здружението на информатичари на Македонија. Конференцијата традиционално се одржува секоја година.

IMAG0378

На конференцијата свои трудови, иновативни идеи и резултати од истражувања презентираа повеќе домашни и странски истражувачи и експерти со цел истакнување на можностите и придобивките од развивањето на информатичката технологија.

CIIT Molika 2013

58122 251185165027087 1908887332 n

Директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова, професорот по информатика Зоран Милевски и проф. д-р Зоран Здравев од Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, презентираа труд со наслов „Ефективност во користење на е-учење Moodle во образовниот процес“, во кој го истакнаа процесот на воведување на електронското учење Moodle во гимназијата „Добри Даскалов“ и ги посочија предностите и препреките со кои се соочиле при нивното имплементирање.

61531 251184065027197 507787140 n

Оваа година акцентот се стави на здружување на индустријата и академските експерти во презентирање на проекти и дискусии за релевантни истражувачки и развојни проекти. Листата на теми за CIIT2013 ги вклучуваше следните области:

  • еКомерција, еБизнис, еУчење
  • Вештачка интелегенција
  • Мултимедија и дигитализација
  • Компјутерски мрежи
  • Компјутерски архитектури и паралелно процесирање
  • Дистрибуирани системи, GRID и Clоud пресметувања
  • Бежични и мобилни пресметувања
  • Безбедност и криптографија
  • Сигнални процесирања
  • Теоретски основи на информатиката

IMAG0383

На официјалниот сајт на CIIT 2013 можете да погледнете листа од сите трудови и организатори на конференцијата.