47 Државна смотра на младите истражувачи


Објавено на: 02.04.2011

Годинава, 47 Државна смотра на младите истражувачи од Република Македонија во организација на Народна техника – Сојуз на здруженија за техничка култура на Р. Македонија, се одржа на 02.04.2011 година во Велес.

 

SmotraVeles_1

Многу млади истражувачи, ученици од средните училишта од цела Македонија се натпреваруваа во следниве области: аналитичка хемија, астрономија, биохемија, географија, екологија, еколошка хемија, информатика – дизајн на WEB страни, информатика – компјутерско програмирање, информатика – користење на софтвер, математика, микробиологија, неорганска хемија, органска хемија, роботика и автоматика, физика – обновливи извори на енергија, физика – светлина – појави и примена, и физиологија на растенијата.

 SmotraVeles_3 SmotraVeles_4

SmotraVeles_2Ученикот Дарко Златески од III-3 клас, беше претставник од нашата гимназија и се натпреваруваше во областа Физика, на тема: „Светлина“. Под менторство на професорката по физика Кристина Крстева, истражуваше и се подготвуваше за Појави и примена на светлината, на темата: „Ласери“ и убедливо го освои I (првото) место, со 95 поени.

Ова не е првиот голем успех на ученикот Дарко Златески. Уште од основно образование тој покажува интерес и до денес навистина се докажа дека е успешен во своите истражувања. Минатата година исто така освои прво место на тема од физиката, додека оваа година со напорна работа и голем ентузијазам уште еднаш го потврди неговиот квалитет и знаење од физиката.

Со овој успех се потврдува дека нашата гимназија има ризница успешни, креативни и вредни ученици, подготвени за секакви предизвици и натпревари во кои одлично се пласираат. Учениците не се плашат од натпреварите, туку гордо и со многу самодоверба настапуваат на истите, затоа што веруваат во своите способности и знаења, а пред сè знаат дека професорите веруваат во нив, што многу им помага и ги охрабрува.

 

 SmotraVeles_5  SmotraVeles_6

Резултати Pdf-mala