Избрани учениците кои ќе патуваат во Троген


Објавено на: 19.02.2013

Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“ којшто две години се реализира во гимназијата, минатата недела на демократски начин беа избрани осумте ученици кои ќе патуваат на интеркултурна размена во Троген – Швајцарија.

Проектот го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА, а е финансиран од Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

Размената ќе се реализира во периодот од 11.03.2013 година до 29.03.2013 година.

Како критериум за избор на учениците беше одличниот успех на учениците по сите наставни предмети и ученици без изостаноци. Право на учество и пријавување имаа учениците родени 1995 и 1996 година.

Беа избрани следните ученици: Радица Гркова од 2-2 клас, Љубица Стојанова од  2-4 клас, Радица Мешкова од 3-5 клас, Антоанета Окардова од 2-3 клас, Валерија Јованова од 2-7 клас, Емилија Славева од 3-3 клас, Сашко Јосифов од 3-7 клас и Цветанка Баштованова од 3-7 клас. Одговорен наставник на учениците ќе им биде проф. по англиски јазик Донка Лалкова. Заедно со нашите ученици, во Троген ќе патуваат и учениците од: Прилеп, Тетово, Дебар и Куманово.

Се надеваме дека учениците ќе се вратат полни со енергија и желба за постигнување подобри резултати. А, неизбежно е дека истите ќе се здобијат и со многу знаења, вештини, способности, права на децата, разбирање, почитување, свесност, одговорност и многу други позитивни одлики.        

На сите учесници им посакуваме пријатен престој во Швајцарија.