Трето место на Државната олимпијада по француски јазик


Објавено на: 16.04.2011

Традиционалниот Државен натпревар по француски јазик – Олимпијади за учениците од осмите одделенија од основните училишта и за учениците од трета година од средните класични гимназии и билингвалните паралелки, се одржа на 16 април 2011 година, на Филолошкиот факултетот „Блаже Конески“ во Скопје.

Ученикот Георги Костов од III-3 клас, го претставуваше нашето училиште, под менторство на професор Светлана Несторова-Мицев и во конкуренција од 30 ученика од Македонија го освои третото место. На учесниците им беа доделени дипломи, а на менторите пофалници.

Овој успех е само уште една потврда за одличната заемна соработка и подготвеност на професорите и учениците во гимназијата „Добри Даскалов”.

OlimpijadaFrancuski