Чествување на патрониот празник


Објавено на: 15.11.2011

На 10 ноември 2011 година, во нашето училиште со пригодна програма свечено и достоинствено беше одбележан патрониот празник.

Patronat_2011_2

Гордо и доствоинствено, Директорката Невенка Поп-Ангелова, учениците, наставниците и останатите вработени во училиштето срдечно ги пречекаа поканетите гости, меѓу кои беа градоначалникот г. Александар Панов, поблиските членови од семејството на Добри Даскалов, претставници од сите училишта и културни институции во градот итн.Patronat_2011_1

Училишниот хор ја изведе Химната на Македонија, под диригенство на Златко Смилевски, проф. по музичка уметност.

Patronat_2011_3

Директорката ги поздрави сите присутни со пригоден говор, осврнувајќи се кон животот и делото на Добри Даскалов, а потоа говореше за многубројните успеси на учениците и наставниците. Го соопшти големиот успех постигнат во текот на претходната учебна година, потоа ги пофали наградените и успешни ученици за кои нагласи дека ќе следува наградно патување, а на крај ги соопшти и новите проекти во училиштето.

Patronat_2011_4

Во аулата на училиштето беше положено свежо цвеќе пред бистата на Патронот, по што следуваше кратка презентација за животот и делото на Добри Даскалов, при што присутните му оддадоа голема почит на Патронот.

Patronat_2011_5

Во уметничкиот дел од Програмата беше изведен мал дел од драмата „Коштана“, во изведба на ученици од Гимназијата, со којашто ќе се претстават и на Меѓународниот натпревар на таленти во Бугарија, под менторство на Кочо Кочов, проф. по македонски јазик и литература.

Програмата заврши со прогласување на победниците на Конкурсот за уметничка фотографија, потоа следуваше еко трпеза и пригоден коктел.Patronat_2011_6

На спортските терени на гимназијата се одржа првиот натпревар од Класното првенство на училиштето за оваа учебна година. Првенството го прогласи за отворено градоначалникот г. Александар Панов, со првиот шут на топката. На теренот следуваше фудбалски натпревар каде силите ги одмерија ученици од втора и трета година.

И годинава содржините од свечената програма беа квалитетно и вешто осмислени и прекрасно и успешно реализирани. Тоа говори дека нашето училиште продолжува упорно и полно со самодоверба да се претставува како една од најдобрите гимназии во Република Македонија.

 

Повеќе фотографии во Галерија или директно тука