II награда на 10тиот меѓународен фестивал на уметности „Утрина Ѕвезда“


Објавено на: 06.12.2013

Од 27 ноември до 2ри декември во Банско, Р. Бугарија се одржа 10тиот меѓународен фестивал на уметности „Утрина Ѕвезда“. Учениците од СОУ Добри Даскалов учествуваа со перформансот Руска романса, под менторство на проф. по македонски јазик Кочо Кочов.

1450668 763283910353053 1411817687 n

Жирито, составено од видни имиња на бугарската музичка и театарска сцена, им додели втора награда. Воедно, тие се здобија и со специјална награда за најдобра костимографија и идеја. Ниту публиката не остана рамнодушна на милозвучните тонови на руските класици кои беа во совршен склоп со сценографијата. Вечерва, со почеток во 19ч. граѓаните на Кавадарци ќе можат да проследат премиерата.

1426480 763281600353284 482253924 n

1452345 763281143686663 1903172747 n

1451620 763284800352964 1803013310 n

577571 763285787019532 785168703 n

1450228 763292623685515 559838590 n

II награда на 10тиот меѓународен фестивал на уметности „Утрина Ѕвезда“


Објавено на: 22.11.2011

Во Банско, Република Бугарија од 17 до 21 ноември се одржа IV Меѓународен фестивал на таленти „Утринска ѕвезда“. Учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ се претставија со театарската претстава „Коштана“ од Борисав Станковиќ и го освоија II место. Со специјална награда за најуспешно актерско остварување се закити ученичката Благица Ѓорѓиева која го толкуваше главниот лик Коштана. Одличната сценографија, колоритот и оригиналноста на костимите, играта и музиката не ги оставија рамнодушни сите присутни во салата, а особено членовите на жири комисијата – истакнати актери, режисери, претставници на Министерството за култура на Р. Бугарија.

(more…)