96 години од една француска мисија во Тиквешијата


Објавено на: 11.12.2011

Учениците од француската секција во Гимназијата „Добри Даскалов“, под раководство на професорката по француски јазик Светлана Несторова – Мицев имаа впечатлив настап на  изложбата „96 години од една француска мисија во Тиквешијата“.
Како дел од уметничката програма учениците имаа подготвено француски шансони и поезија од познати француски поети. Со својот настап тие оставија особен впечаток пред амбасадорот на Франција во Република Македонија г. Жан Клод Шлумберже и останатите гости, по што изнудија громогласен аплауз.

На крајот од програмата, амбасадорот полн со емоции, инсистираше со  фотографија да ја овековечи оваа средба со кавадаречките ученици.

IMG_6257