Одбележан светскиот ден на акција


Објавено на: 23.04.2013

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 52 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не и наштетува на животната средина.

Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор за програмата Еко-училиште и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен сиситем“.

1

На 22 Април, ФЕЕ по втор пат, го организира светскиот „Ден на акција“ на меѓународно ниво за сите училишта кои ја спроведуваат оваа програма.

Овој ден претставува посебна активност кадешто училиштата од целиот свет превземаат еколошки акции со цел создавање на поодржлив свет.

2

Нашето училиште активно беше вклучено во акцијата со реализирање на низа еколошки активности. Овој ден, исто така, беше посветен и на Денот на планетата Земја.

3

Учениците предводени од проф. по биологија Богде Коцева – училиштен координатор на програмата, проф. по биологија Елизабета Иговска и проф. по ликовна уметност Горан Боев, ги реализираа следните активности:

          Чистење на училиштниот двор од исушените и отпаднати листови,

          Садење на сезонски цвеќиња за разубавување на дворот,

          Сеење на семиња од различни видови цвеќиња,

          Бојадисување на дел од училиштната ограда со зелена боја,

          Поставување на куќичка за птици во дворот.

4

На ЛЦД ТВ во холот на училиштето се прикажаа видео записи на тема: „Согледувај денес, а мисли за утре“, а имаше поставено и пано на тема: „Имаме ли нешто поважно од планетата Земја?“ и двете изработени од учениците.

5

Учениците од нашето училиште секогаш ги поддржуваат и се вклучуваат во вакви или слични активности, се со цел да ја подигнат свеста кај младите за зачувување на животната средина.

6