Големи успеси на учениците од гимназијата
Објавено на: 24.04.2013
„Успехот не треба да се мери според позицијата што некој ја постигнал во животот, туку според пречките кои успеал да ги надмине додека се обидувал да успее.“
– Букер Т. Вашингтон –
Секој успех е триумф на упорност и макотрпна работа. Не постои успех без тешкотија. Ова го потврдија и нашите ученици заедно со нивните ментори земајќи учество на натпревари и постигнувајќи успеси.
Во периодот од 18 до 20 април 2013 година се одржаа низа регионални и државни натпревари, кадешто учениците од гимназијата земаа учество во различни области и постигнаа високи резултати.
Од 18 до 20 април 2013 година, гимназијата беше домаќин на јубилејното 25 Државно првенство во кошарка женски, кое оваа година се одржа под мотото: „Нашите ученици сакаат да спортуваат – да им го овозможиме тоа“. Натпреварите се одиграа во спортската сала „Партизан“ во Кавадарци. Првенството го отвори директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, која им посака топло добредојде на сите учесници, пријатно да се чувствуваат во нашиот град и секако, да победи најдобрата екипа. На државното првенство учествуваа екипи од: Скопје, Гевгелија, Битола, Крива Паланка и Кавадарци. Нашата екипа составена од учениците: Елена Росоманска од 4-6 клас, Елена Трајкова од 4-6 клас, Неда Волчева од 4-3 клас, Стефанија Манева од 4-3 клас, Александра Хаџиќ од 2-6 клас, Милче Мукаетова од 1-3 клас, Тијана Лазова од 1-2 клас, Александра Крстева од 1-4 клас, Емилија Чукаркова од 1-3 клас, Кристина Димовска од 1-5 клас, Елена Иванова од 1-5 клас, Даниела Мишова од 4-6 клас, Елена Поп-Ицева од 4-2 клас и Стефанија Костадинова од 1-3 клас, под менторство на професорот по спорт и спортски активности Тиме Пецов го освоија IV (четвртото) место.
На 20 април 2013 година (сабота) во Неготино се одржа Регионалниот натпревар по физика, кадешто под менторство на професорката по физика Кристина Крстева ученикот Љупчо Петров од 4-4 клас го освои I (првото) место, а учениците: Душко Клинчаров од 2-2 клас, Ѓорѓи Шемов од 2-3 клас и Татјана Сакалиева од 1-5 клас се здобија со пофалници за учество на регионалниот натпревар.
На 20 април 2013 година (сабота) во Скопје се одржа Државниот натпревар по француски јазик, кадешто под менторство на професорката по француски јазик Светлана Несторова-Мицев, ученикот од 3-2 клас Ангел Спанџев го освои III (третото) место.
На 20 април 2013 година (сабота) во Скопје се одржа и Државниот натпревар по англиски јазик, кадешто под менторство на професорката по англиски јазик Донка Лалкова се натпреваруваше ученичката Надица Атанасовска од 2-3 клас и го освои V (петтото) место.
Од 19 до 20 април 2013 година во Тетово се одржа најголемиот традиционален средношколски настан во Република Македонија – „Образовно рандеву 2013“ кадешто учесниците имаат можност преку натпревари, работилници, талент шоу, модна ревија и слично, да ги прикажат своите знаења, умеења и вештини.
Во категоријата најдобра видео реклама на тема: „Екологија и одржлив развој“ учениците: Павле Богев од 2-7 клас, Ѓорѓи Белевски од 2-7 клас, Дајана Ѓелева од 2-6 клас и Александра Цветкова од 2-6 клас под менторство на професорката по информатика Благородна Лазова освоија II (второ) место.
Одлични настапи покажаа и учесниците: Ристенка Касапинова од 3-7 клас во категоријата Интервју за работа под менторство на училиштниот психолог Душанка Иванова, Симона Станоева од 3-7 клас во категоријата Јавен говор под менторство на професорката по правни предмети Љубица Станоевска и Наталија Јошева и Игор Димовски од 4-6 клас во категоријата најдобар постер под менторство на професорката по економски предмети Лоска Давчева.
На сите учесници и нивните ментори им ги честитаме освоените награди и им посакуваме во иднина да постигнуваат уште повеќе успеси на професионален и личен план.
{qtube vid:=oWh9hXNZqvA}