Еко-акција во училиштниот двор


Објавено на: 04.10.2013

И оваа учебна година продолжи да се реализира проектот „Македонија без отпад 2013“ кој се имплементира од страна на Министерството за животна средина и Асоцијацијата на граѓански организации Ајде Македонија.

Проектот е поддржан од Министерството за образование и наука и Здружението на граѓани ОХО со програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Акцијата официјално е поддржана од Европскиот Парламент, па така што, освен во Република Македонија истата се спроведува во повеќе од 100 држави во светот.

1

2

 

Овогодинешната национална акција се спроведе на 4-ти октомври (петок) 2013 година во сите општини во државата согласно насоките од Локалната Самоуправа. За таа цел, нашето училште заедно со координаторот на проектот, членовите на еко-одборот и учениците организираа акција за чистење на отпадот во училиштниот двор.

3

4

Покрај чистењето на отпадот во училиштниот двор се одржа и едукативен час преку предавање и power point презентација на тема: „Штетното влијание на отпадот врз животната средина“.

5

6