Забава по повод Ноќта на вештерките
Објавено на: 31.10.2013
И оваа учебна година на 31.10.2013 година (четврток) по повод прославувањето на ноќта на вештерките, учениците од нашата гимназија организираа забава во вечерните часови во училишниот двор. За организирање на овој настан одговорни беа членовите на Младинската/Ученичката организација и нејзиното раководство.
Потеклото на овој празник датира многу одамна и се поврзуа со Келтскиот фестивал „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети “.
Според традицијата 31 октомври е познат како ден кога се бркаат лошите духови од домовите на луѓето. Симбол на празникот се портокаловата и црната боја, како и тиквата којашто свети. Активностите за прославувањето на овој ден се најразлични и најчесто вклучуваат посетување на проколнети места, палење логоров оган, маскенбал, шеги, читање страшни приказни и.т.н.
Традицијата на гимназијата, за прославување на овој ден е, исто така, долгогодишна, но со малку поинаква цел и содржина: добра забава, музика, дружење и креирање интересни застрашувачки маски и костими.
И оваа година видовме изобилство на маскирани ученици во име на стравот и надприродните фигури: чудовишта, духови, вештерки, костури, ѓаволи, како и популарни ликови од хорор филмовите.
Просторот во училишниот двор, исто како и маските на учениците, беше креативно уреден. За ова се погрижи посебен тим на ученици од Младинската/Ученичката заедница.
За целосно да се долови атмосферата на оваа ноќ задолжени за добра музика беа: нашиот сооученик DJ Insane – Мартин Кузманов од II-5 клас и добро познатиот Кавадаречки рок бенд „ Smoke Shakers “.
На самиот крај од ноќта беше избрана најдобра маска, а во соработка со Кавадаречкиот портал kavadar4e.com оваа недела беше избрана и „Најдобра Halloween фотографија “ од самата ноќ , а учениците кои ја добија беа наградени.