II награда на 10тиот меѓународен фестивал на уметности „Утрина Ѕвезда“
Објавено на: 06.12.2013
Од 27 ноември до 2ри декември во Банско, Р. Бугарија се одржа 10тиот меѓународен фестивал на уметности „Утрина Ѕвезда“. Учениците од СОУ Добри Даскалов учествуваа со перформансот Руска романса, под менторство на проф. по македонски јазик Кочо Кочов.
Жирито, составено од видни имиња на бугарската музичка и театарска сцена, им додели втора награда. Воедно, тие се здобија и со специјална награда за најдобра костимографија и идеја. Ниту публиката не остана рамнодушна на милозвучните тонови на руските класици кои беа во совршен склоп со сценографијата. Вечерва, со почеток во 19ч. граѓаните на Кавадарци ќе можат да проследат премиерата.