Да ја почитуваш сопствената историја значи да ја продолжуваш традицијата


Објавено на: 10.12.2013

Гимназија „Добри Даскалов“ е институција која секогаш им искажува достојна почит на големите имиња во македонската историја.Со посебно чувство во своето срце, вработените и учениците ги прославуваат деновите кога се чествуваат оние кои ни ја донесоа писменоста.Да почитуваш некого и да се поклониш пред неговото дело,со трепет во душата, свесен за неговата големина иако векови не делат, е вистинска доблест на која ги насочуваме нашите ученици.Ако не беа тие,словенските просветители, ние денес не ќе постоевме како Македонци,немаше да ја имаме својата писменост,своето обележје.Векови подоцна Мисирков истакна:„Јазикот и верата се душата на еден народ“.

Тоа што за целиот словенски народ се браќата Кирил и Методиј,за нас од уште поголемо значење е името на големиот учител св.Климент Охридски.Пред многу векови тој со огромна храброст,знаење и верба ја разоруваше неразораната словенска писменост.Нашето училиште неколку години наназад чествувајќи го неговото име и дело,му изразува достојна почит подготвувајќи литературни проекти преку кои прозвучува нашиот,македонски стандарден јазик.Тоа за што се бореше св.Климент, да го описмени македонскиот народ,ние како негови следбеници достојно го почитуваме и се трудиме да го чуваме и негуваме јазикот.

 600902 765678213446956 1997372816 n

На 5 декември во салата на Домот на културата„Иван Мазов-Климе“ присутните ги поздрави директорката на Гимназијата Невенка Поп-Ангелова која во пригоден говор ја истакна величината на словенскиот учител св.Климент Охридски и подготвеноста на учениците да продолжат да го слават името на големиот словенски учител,затоа што вредните нешта треба да се негуваат и почитуваат. Многубројната публика имаше можност преку театарскиот перформанс„Руска романса“ вистински да ужива во една типична словенска бајка.

564633 765681710113273 930806391 n

582049 765681366779974 1778147157 n

Преку одличната сценографија,костимографија,сценска игра, па се до прекрасната руска музика која во студената ноќ ги стопли нашите срца, учениците од Гимназијата уште еднаш заблескаа на театарската сцена покажувајќи дека кога нешто се работи трудољубиво и посветено ги надминува границите на аматерска изведба.Стиховите во изведба на двата главни лика,не потсетија колку е убав нашиот јазик,колку е близок со јазикот на љубовта.Пред неполн месец на истата таа сцена учениците го изведоа театарскиот ораториум „Света песна“ носејќи ја пораката дека вечно е само делото на рацете,трудот,зборовите,знаењето.Минатата година во чест на св.Климент Охридски беше изведено делото „Синкретика“кое на присутните им овозможи прошетка низ вековите потенцирајќи ја идејата дека убаво е да живееш во време кога имаме свој јазик,писменост и култура.

625528 765681563446621 1893754568 n

999466 765679370113507 1903988232 n

1441200 765678593446918 385852738 n

Наша должност како следбеници е да го славиме името и делото на св.Климент, носејќи ја мислата дека битката за јазик е битка за национален идентитет.

Учениците од нашета гимназија покажаа дека почитувајќи ја историјата ја продолжуваат традицијата.Преку своите проекти порачаа дека тука ништо не исчезнува и дека во зборот продолжува и трае,векови требало да се надживеат,години и денови неразденети,за денес да кажеме-вечна слава и благодарност што дојде во оваа македонска земја .Треба да ја градиме иднината врз нашите корени.Предавството на јазикот е предавство на своите родители и на своите деца.Нашата обврска кон јазикот не е само да се знае и да се сака туку и да се чува како светлина,како оган.Да се биде вистински Македонец значи да се владее со сопствениот стандарден јазик.Без македонски јазик нема Македонци.Преубава е сликата кога пред себе гледаш млади луѓе кои ги препознаваат вистинските вредности и достојно ги прославуваат.

1452230 765683493446428 163532606 n

1461177 765679653446812 645192917 n

1474449 765680346780076 555928926 n