Франкофонска вечер
Објавено на: 20.12.2013
На 19.12.2013 (среда) во Домот на културата Иван Мазов се одржа Франкофонска вечер , проект подготвен од учениците од нашиот град кои го изучуваат францускиот јазик .Вклучени беа (седумдесетина)ученици од нашето училиште и од основните училишта Тоде Хаџи Тефов,Димката Габерот од Ваташа , подрачното училиште Страшо Пинџур од Дреново и нивните професори.
Проектот е во рамките на активностите на Здружението на професори по француски од Македонија и Институтот за јазична соработка при Амбасадата на Франција во Македонија.
Учениците ја претставија Белгија одблизу ,нејзината историја,културното наследство и гастрономијата .
На франкофонската вечер присуствуваа и Аташето за културна и јазична соработка Госпоѓа Анжелик Лере и Госпоѓа Сузана Пешиќ од францускиот културен центар.
С.Несторова-Мицев