ДРЖАВНА МАТУРА 2014- Термини за полагање во јунскиот испитен рок


Објавено на: 31.01.2014

*** ВАЖНО ***

ЕКСТЕРНИТЕ ИСПИТИ од државната матура во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини:

Задолжителен наставен предмет:

  • Македонски јазик и литература на 31 мај 2014 година со почеток во 10 часот;

Изборни предмети:

  • англиски јазик, француски јазик, германски јазик односно руски јазик на 11 јуни 2014 година со почеток во 10 часот;
  • математика и филозофија на 13 јуни 2014 година со почеток во 10 часот;
  • хемија, физика, биологија, историја и бизнис на 16 јуни 2014 година со почеток во 10 часот.


ИНТЕРНИТЕ ИСПИТИ од изборниот дел на државната матура се спроведуваат:

■ во јунскиот испитен рок во периодот од 18 до 30 јуни 2014 година.

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И ОДБРАНАТА НА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА се спроведуваат:

   ♦ од 20 март до 30 април  2014 година.

 

 

УЧИЛИШНА МАТУРА / ЗАВРШEН ИСПИТ 2014

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

 

  • Задолжителен дел (македонски јазик и литература) на 17 јуни 2014 година со почеток во 9 часот;
  • Изборен дел (интерен испит) во периодот од 18 до  30 јуни 2014 година.

 

Училишна матурска комисија