Активности за зачувување и подобрување на состојбата со компјутерската опрема во училиштето


Објавено на: 17.02.2014

На ден 28.01.2013 година во кино салата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци се одржа состанок со ученици одговорни за компјутерска опрема од секој клас.

Состанокот го водеше Директорката Невенка Поп-Ангелова во присуство на професорите по информатика Благородна Лазова и Зоран Милевски, и одговорните ученици. Целта на состанокот беше наоѓање начин за тоа како да се зачува и подобри состојбата на компјутерите и компјутерската опрема по училниците во нашето училиште со оглед на тоа каква е сегашната состојба, и каква ќе биде нивната потреба во наредниот период кога ќе следуваат екстерните тестирања за сите ученици и полагањето на екстениот дел од Државна матура 2014 год.

Со оглед на тоа како се контролира состојбата на компјутерската опрема во училниците од страна на учениците, учениците од IV година предложија да се направи презентација за тоа како како другите ученици да ги чуваат компјутерите, како посовесно и поодговорно да се однесуваат кон нив. Беше договорено презентацијата да се направи до крајот на неделата, и да се направи распоред за презентирање пред другите ученици.

По завршување на оваа прва фаза ќе се продолжи со втора фаза со која се очекува да се постогне поголема информираност на учениците и поголема соработка во насока наставник-ученик во намалување на штетата со компјутерската опрема.

 Во прилог презентацијата изработена од учениците Борче Мукаетов од IV-1 клас, Ристе Делков од IV-2 и Марјан Атанасов од IV-4 клас.

Pdf-golema