Регионален натпревар по француски јазик


Објавено на: 06.05.2014

На 03.05.2014 година (сабота) нашето училиште беше домаќин на регионалниот натпревар по француски јазик Олимпијади 2014 (Olympiades 2014) што секоја година го организира Здружението на професори по француски јазик на Македонија. Учениците се натпреваруваат во две категории, основно (за учениците од осмо одделение) и средно (за учениците од трета година) .

Од гимназијата учествуваше Радица Шикова ученичка во 3-2 клас под менторство на професорката по француски јазик Светлана Несторова-Мицев.

Со освоените поени ученичката се пласира за учество на Државниот натпревар којшто ќе се одржи на 10.05.2014 година во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

На ученичката и нејзиниот ментор им посакуваме многу среќа и успех на претстојниот Државен натпревар.