Градоначалникот на час по историја


Објавено на: 06.05.2014

По завршувањето на средношколското образование пред секој човек се отвораат нови патишта, нови предизвици, нови успеси.Секој тежнее да го оствари сопствениот сон, да се реализира себеси како успешен човек и да биде задоволен од сопствениот избор.

Чекорејќи по патеките на животот во човекот понекогаш се буди желбата барем за миг да се врати во средношколските денови.Барем за миг да ги почувствува најубавите години, да ги врати сопствените спомени за едно време не така далечно, но исполнето со другарство, созревање, знаење…..

Првиот човек на градот, градоначалникот Александар Панов, беше гостин во гимназијата која му го овозможи неговото средношколско образование. Гимназија „Добри Даскалов“ видно изменета од времето во кое тој учеше во неа, денес модерно училиште кое ги задоволува потребите на 21 век, се покажа како добар домаќин.  

IMG 0185

Градоначалникот присуствуваше на час по историја следејќи ја современата настава со новите наставни методи во кои и тој со задоволство се вклучи. Учениците користејќи компјутерска настава ги покажаа своите афинитети кон историјата, а гостите беа презадоволни од посетата на часот.

IMG 0188

IMG 0193

IMG 0196