Избран Дете Правобранител и негови заменици
Објавено на: 19.10.2015
Од 2011 година согласно со проектот „Модел-Дете правобранител“ кој е дел од поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци во нашето училиште постои Дете-правобранител кој ги застапува детските права.
Дете Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето (Училишен кадар и Народен правобранител).
Работните обврски на Детето Правобранител и неговите заменици се: учество на обуки за содржина на Конвенција на правата на детето и нејзина примена во рамките на училиштето, учество на обука за улога и обврски на Дете Правобранител, промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни работичници, прибирање на претставки-поплаки на учениците, прибирање на податоци за ситуации со прекршување на детските права во училиштето.
По пат на интервју, на 09.10.2015 година (петок) според претходно подготвени критериуми, комисијата составена од 6 члена за Дете правобранител го избра ученикот Борис Станоев од III 3, а за заменици на Детето Правобранител ги избра учениците Јасна Манева III 3, Катерина Стојановска III4 и Ѓорѓи Ристов I5. Учениците за вршење на функцијата Дете Правобранител и заменици на Детето Правобранител ќе имаат мандат од две години.