Форум театар работилница во рамките на проектот на УСАИД за мегуетничка интеграција во образованието


Објавено на: 06.10.2016

На 05.10.2016 (среда) во просториите на Гимназијата ,,Добри Даскалов” се оддржа форум-театар работилница во рамките на проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието. На сцената беше поставен конфликт на меѓунационална основа за разбивање на стереотипи, а во публиката беа околу 70 ученици и професори од училиштето. Работилницата ја водеа професорите Кочо Кочов и Зоран Милевски, додека истата ја следеа и директорката на училиштето Невенка Поп-Ангелова, како и гостите Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ – актери во кумановскиот театар и долгогодишни тренери за форум-театар работилници. На почетокот присутните ги поздрави Виолета Симјановска од Мулти медиа Скопје – партнер организација на USAID.

DSC06423

Форум-театарот е моќна алатка за разрешување на конфликти и публиката може активно да се вклучи да се замени со некои од актерите и да даде свој придонес во разрешувањето на конфликтот. Учениците беа навистина заинтересирани и ова беше едно ново и несекојдневно искуство, кое ги натера на креативен начин да го разрешат проблемот кој беше на сцената, и воедно ги поттикна да размислуваат како може да придонесат за решавање на такви слични меѓуетнички прашања.

DSC06429

DSC06412

DSC06413

2016-10-05 12.24.30

2016-10-05 12.31.41

2016-10-05 12.38.58