Конституирана е Младинската/Ученичка организација


Објавено на: 21.10.2016

По одржаните избори за претседатели и заменици-претседатели на класови во септември 2016 година,  на ден 13.10.2016 година (четврток) е Одржана Првата конституитивна седница на на Собранието на Младинската/Ученичка организација во учебната 2016/2017 година.

На Првата конститутивна седница  присутните беа запознати со улогата и структурата на Училишната /Младинска организација, како и за начинот на избор на претседател, заменик претседател и секретар на младинската организација во нашето училиште.

14795764 10209449323603555 984803916 o   14795944 10209449322123518 778291934 o

Формирањето на училишната/Младинска организација се врши во рамките на проектот „Модел-Дете правобранител“ кој е дел од поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци.  Овој проект предвидува демократски модел на избор на Училишната /Младинска организација преку тајно гласање.

Седницата ја водеше ученичката Александра Кадрова, а на седницата присуствуваа училишниот педагог, психолог и  одговорниот наставник Наташа Матакова.