Учениците од гимназијата “Добри Даскалов” ја посетија биохемиската лабораторија “Еми Медикус” во Кавадарци


Објавено на: 25.02.2017

На 22.02.2017 година учениците од изборното ПМБ подрачје ја посетија биохемиската лабораторија “Еми Мeдикус” во Кавадарци заедно со проф. по хемија Даница Пецова и проф. по биологија Елизабета Иговска.

Учениците поделени во групи го започнаа разгледувањето на лабораторијата кое го предводеше дежурната биохемичарка, која со задоволство ги покажа најсовремените лабораториски апарати за проверување на крвната слика.

raw 4

raw 3

 

Учениците се здобија со знаење за функционирањето на центрифугалната машина која ги одвојува крвните клетки од серумот, апаратот за читање на крвна слика, апаратот за мерење на електролити, најновиот апарат за комплетна анализа на ензими, хормони,итн. Набљудуваа под микроскоп и примерок од човечка урина.

Посетата беше мошне успешна и предизвика голем интерес и задоволство кај учениците. Целта да се стекне што поголемо знаење за процесите на испитување на крвта беше остварена.

raw

raw 2  raw 5