Ученици од гимназијата во посета на модна конфекција во Кавадарци
Објавено на: 03.04.2017
Учениците од четврта година од Гимназијата Добри Даскалов од Кавадарци кои ги следат предавањата по предметите Економија и Економија изборен кои се предавани од професорката Жанета Делова, беа во посета на Модната конфекција СОНИТЕКС ДООЕЛ Кавадарци, на ден 22.02.2017.
Оваа конфекција е со богата историска традиција. Најпрво била позната под името Кавадарка, која произведувала детска облека. Потоа преминала во Југотекс која произведувала облека за југословенскиот пазар. Денес оваа компанија веќе 11 години е во приватна сопственост. Компанијата произведува по нарачка за купувачи од странство, од Европа, но претходно произведувала производи и за американскиот пазар. Купувачите сами си ги носат материјалите, репроматеријалите претежно од Турција и Италија.
Оваа конфекција располага со стручен кадар, квалитетна работна сила, која е обучена да произведе квалитетна облека по шаблон од страна на дизајнерите кои сам си ги одбира купувачот.