Ученици од гимназијата во посета на полициската станица – Кавадарци


Објавено на: 30.03.2017

На 30.03.2017 год. ученици од III година од Гимназијата Добри Даскалов во рамките на активностите по предметот Географија изборен предмет кај проф. Фердинанд Чејков, беа во посета на полициската станица во Кавадарци. Учениците во оваа тематска целина изучуваат и за терцијарните дејности во кое и припаѓа и сообракајот. На овој час самите ученици беа запознати со проблемите на зголемен број на возила, аеро загадување, употреба на сигурносен појас, важноста да не разговараме по мобилен телефон додека возиме, за тоа дека е строго забрането конзумирање на алкохол и сл. Голема благодарност до ПС – Кавадарци.

0-02-04-ef3c4fac8e367b03e0da42c6beab6c4d77cef0471753f2f1a935d167d7eae5e9 full

0-02-04-ff39e15c8771477bb3357a14f8665facf4b9d44725e08eab59bcf4b2d91ba4ce full