Учество на наши ученици на Државниот натпревар по информатика


Објавено на: 03.04.2017

На 1 април 2017 година во организација на Здружението на информатичарите на Македонија во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа XXVIII Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија. На натпреварот учествува вкупно 100 учесници од кои четворица најдобри ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите на меѓународно ниво.

Настанот го отвори претседателот на ЗИМ проф. д-р Миле Јованов кој што истакна дека во последните неколку години конкуренцијата на овие натпревари по информатика е се поголема и за тоа дека натпреварувачите успешно ја претставуваат нашата земја на интернационалните натпревари.

Од нашето училиште на Државниот натпревар според освоените поени од претходните натпревари беа поканети да учествуваат двајца ученици Славе Темков IV-3 клас и Јордан Мицковски IV-3 клас, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.

Во рамките на натпреварот се организира и работилница на тема „Новости во форматот на натпреварите од 2018“, презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ и предавање на тема „Designing Solutions for the Future  / Решенија со прозорец кон иднината“.

17620194 1337150019666607 3523089914692929605 o

IMG 0448

15235881 1337147269666882 6377942357640023040 o

17546836 1337142919667317 6250105116279011503 o

17620219 1337146149666994 6936870279535702526 o

17636803 1337144466333829 5540709876616982528 o