Се одржа регионалниот натпревар по француски јазик


Објавено на: 25.04.2017

На 01.04.2017 во нашето училиште се одржа регионалниот натпревар по француски за учениците од трета година гимназија (класична и билингвална) и девето одделение “Олимпијади” 2017 во организација на Здружението на професори по француски јазик и регионалниот координатор Светлана Несторова –Мицев.

Од нашето училиште учествуваа ученичките Зорица Пендева (1 место) и Верица Ставрова (2 место) од III-1 под менторство на професорката по француски јазик Светлана Несторова –Мицев.

Според освоените поени двете ученички се пласираа на државниот натпревар што се одржа на 22.04.2017 и освоија Верица Ставрова четврто место, Зорица Пендева петто место.

Светлана Несторова-Мицев