Традиционално одржани класните првенства во фудбал и кошарка
Објавено на: 15.05.2017
Секоја година традиционално во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржува Класно првенство во фудбал и кошарка. Учениците од секој клас се посебно мотивирани да ги покажат своите знаења од областа на спортот, а со тоа го развиваат тимскиот дух и јакнењето на другарството меѓу нив.
На 15.05.2017 година (понеделник) на спортските терени на гимназијата се одиграа завршните натпревари во фудбал и кошарка. Младите гимназијалци ги водеше спортскиот дух и желбата за успех и на публиката и овозможија вистинско уживање.
Прво место во фудбал го освои класот III-5, второ IV-7, а третото место му припадна на III-1.
Во кошарка најдобар беше III-4 клас со освоени прво место, a второто место го освои класот IV-3.
Пехарот во рацете на победниците им даде поттик да се натпреваруваат и понатаму да ги јакнат спортските вештини, тимската игра и да учествуваат на сите спортски натпревари во градот и државата.
Директорката на училиштето г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, заедно со професорите по спорт и спортски активности им ги доделија пехарите на капитените на најдобрите екипи.