Реализиран завршен настан од Erasmus+ проектот „Интегрирање на електронското учење во училниците“


Објавено на: 03.07.2017

Во перодот од 18 до 20 јуни 2017 год. во Охрид се реализираше завршен настан во рамките на Erasmus+ проект од Клучна акција 2 – Соработка за иновација и размена на добри практики, „Интегрирање на електронското учење во училниците “ во организација на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци.

Според предвидениот план од проектот беа поканети партнери и училишта со кои што соработува Гимназијата „Добри Даскалов“ и на завршниот настан присуствуваа 53 учесници од повеќе училишта и институции и тоа: Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, Гимназија „Курт Николин” од Финспанг – Шведска, Прва Крагуевачка Гимназија од Крагуевац – Србија, Гимназија „Брежице“ од Србија, Средното училиште „Михајло Петровиќ Алас“ од Угљевиќ – Србија, Гимназија „Орце Николов“ од Скопје, СОУ „Никола Вапцаров“ од Скопје, ООУ „Димката Ангелов – Габерот“ од Кавадарци, ООУ „Димката Ангелов – Габерот“ од Ваташа, СОУ „Арсени Јовков“ од Скопје, СОУ „Георги Димитров“ од Скопје, СОУ „Нико Нестор“ од Струга, СОУ „Ибрахим Темо“ од Струга и претставник од Бирото за развој на образованието.

IMG 2002

IMG 2007

IMG 2019

Проектот започна да се реализира од 01.09.2015 год. и за тој период беа реализирани 4 работилници и 5 работни состаноци, интерни работилници, презентации и дисеминации, а целта беше да се зголеми човечкиот капацитет во средните училишта за интеграција на ИКТ во процесот на учење преку технологии за е-учење и креирање на дигитални содржини во форма на Едукативни образовни ресурси.

Завршниот настан го отвори г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, Директорка на гимназијата „Добри Даскалов“ и локален координатор на проектот, со што им се заблагодари на сите учесници за нивното присуство на овој настан каде што се презентираше она што е изработено во рамките на проектот. Притоа таа истакна дека учеството во проектот и соработката со сите партнери е од клучно значење за гимназијата „Добри Даскалов“ со што училиштето е збогатено со нови знаења, новитети, технологии и алатки за подобро и полесно подготвување на наставниот материјал, а еден од важните придобивки е и соработката со сите учесници и споделување на успешни искуства и иницирање на нови проекти.

За време на овој настан Директорката Поп-Ангелова потпиша и два нови меморандуми за билатерална соработка со директорот на Гимназија „Брежице“ од Србија и Директорката на Втора јазична гимназија „Томас Џеферсон“ од Софија, Бугарија.

IMG 2038

IMG 2024

Потоа, координаторот на проектот проф. д-р Зоран Здравев од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се обрати на присутните и презентираше за тоа како беше испланирана реализацијата на проектот и кој е крајниот импакт за сите вклучени учесници, како средните училишта, наставниците и самите ученици.

Потоа следуваше презентација од м-р Зоран Милевски, проф. по информатика и асистент на локалниот координатор, со што беше презентирана улогата на Гимназијата „Добри Даскалов“ во проектот, детална презентација за сите 5 клучни резултати (англ. Outcomes) и презентација на креираните едукативни образовни ресурси кои што се поставени на репозиториумот http:ioerc.mk.

По завршување на презентацијата следуваа и презентации од професори учесници во проектот од гимназијата „Добри Даскалов“, додека на крај се разви дискусија од страна на учесниците на настанот и споделување на искуства.

IMG 2029

IMG 2055

Во рамките на настанот беше организирана и заедничка прошетка со локален водич низ стариот дел на градот Охрид – град на Унеско.

По завршувањето на сите активности предвидени според агендата, сите учесници си заминаа побогати со нови знаења, искуства, пријателства и отворен пат за иницирање на нови соработки и практики со што во иднина ќе се реализираат во насока на подобрување и унапредување на наставниот процес.

IMG 2026

IMG 1991

IMG 2052

IMG 1918

IMG 2131