Активности за светскиот ден „Ден без автомобили”
Објавено на: 29.09.2017
На ден 22.09.2017 по повод светскиот ден „Ден без автомобили” учениците од прва и втора година, во организација на професорите по спорт и спортски активности заедно со класните раководители од гимназијата “Добри Даскалов”-Кавадарци оддржаа две активности. Едната беше возење на велосипеди до месноста моклиште, а другата пешачење до споменикот на 12 деца, се со цел да се подигне свеста за што помала употреба на автомобили. Велосипедската колона беше придружувана од полицијата за поголема безбедност во сообраќајот. Во едно во активноста беше вклучено и возило од првата помош од Кавадарци.
Оваа активност традиционално се одржува со години, а учениците од гимназијата секоја година го одбележуваат овој светски ден- “Ден без автомобили”.