Одржан натпреварот ,,Лидер на струка” на државно ниво


Објавено на: 12.12.2018

На 05.12.2018 година во Куманово во СОУ ,,Перо Наков’’ се одржа државниот натпреварот ,,Лидер на струка 2018” за ученици од четврта година од економско-првната струка. Од нашето училиште учествуваа учениците:Тамара Димковска од IV-6 клас под менторство на професор Костадинчо Петров, Марина Грижева од IV-6 клас под менторство на професор Лоска Давчева, Магдалена Сирмева од IV-7 клас под менторство на професор Слободанка Стојанова и Ивана Глигорова од IV-7 клас под менторство на професор Љубица Станоевска.

slika1

slika2

Од сите ученици ученичката Магдалена Сирмева од IV-7 клас освои III место во категоријата правен техничар под менторство на професор Слободанка Стојанова, а останатите ученици зедоа само учество на натпреварот.