Продолжува реализирањето на проектот DIGITeachEUrope во рамките на Еразмус+


Објавено на: 30.09.2019

Продолжува реализацијата на Еразмус+ проектот „Развивање на дигитални средини за учење за училиштата во Европа“ – DIGITeachEUrope, каде што нашето училиште е партнер и овој пат и домаќин.

Во текот на оваа недела ќе се реализира работилница со партнерите од Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Линген, Германија, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Германија, PJG PITAGORA, Сплит, Хрватска и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Полска.

Во текот на првиот ден од гостувањето во нашиот град учесниците беа примени од Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев. На средбата Градоначалникот даде целосна поддршка на проектот кој е во тек и на проекти кои ќе започнат во иднина.

Во училиштето им беше посакано топло добредојде на учесниците во проектот каде што беа поздравени од директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова, а учениците под менторство на професори од гимназијата подготвија културно уметничка програма.