Посета на нотарска канцеларија


Објавено на: 20.10.2019

На ден 03.10.2019 година учениците од клас II 7 при СОУ Гимназија  „Добри Даскалов“ Кавадарци во рамките на наставните часови по наставниот предмет „Практична настава“ со предметниот наставник Татјана Ралевска ја посетија Нотарската канцеларија на Нотар Пане Нацев-Нотар овластен за подрачјето на Општина Кавадарци.

Нотарот детално ги запозна учениците за работите поврзани со нотаријатот, неговите овластувања како и за дел од дејствијата кои се преземат во оставинската постапка.

После добиените информации, учениците знаењето го дополнија со разгледување на нотарски акти, договори и други нотарски списи.