Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSО)


Објавено на: 29.12.2019

Во периодот од 02.12.2019 до 13.12.2019, ученикот Мајкл Георгиевски од СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов”, Кавадарци, учествуваше на Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSО), која оваа година се одржа во Доха, Катар. Учествуваа 409 ученици од 70 земји од целиот свет. Натпреварите беа во формата на два теоретски тестови со прашања и задачи од областите на физика, биологија и хемија, како и практична тимска работа преку експеримент од секоја дисциплина. Македонскиот јуниорски олимписки тим беше составен од 6 ученици, кои освоија 3 бронзени и 2 сребрени медали. Мајкл Георгиевски освои сребрен медал.