Гимназијата e домаќин на четвртата работилница од проектот Schools Go Digital во рамките на Еразмус+


Објавено на: 02.03.2020

Нашето училиште е домаќин на четвртата работилница од Еразмус+ проектот SCHOOLS GO DIGITAL – Mobile Assessment tools for students, како патнер училиште во рамките на програмата Еразмус+ стратегиско партнерство.

Во периодот од 25.-29.02.2020 се реализираа активности од имплементацијата на проектот во нашата земја со партнер училиштата “Oguzhan Ozkaua Fen Lisesi” od Измир, Турција, “General Gheorghe Magheru” од Таргу Жиу, Романија и Ogres Tehnikums од Огре, Латвија.

Во просториите на Гимназијата им беше посакано топло добредојде на учесниците во проектот каде што беа поздравени од Директорката на Гимназијата Невенка Поп-Ангелова, а учениците под менторство на професори од гимназијата подготвија културно-уметничка програма.

На средбата беа потпишани Мемурандуми за соработка со училиштата од Романија и Турција.

Целта на проектот е проучување и проширување на знаењата за дигиталните алатки за оценување на учениците со акцент на креирање поинтерактивна современа настава и оценување на учениците.

Темата на работилницата беше разменувања на искуства за мобилни апликации и дигитални алатки за оценување на знаењето на часовите по математика.

Учениците и професорите имаа можност да го посетат Собранието на Република Северна Македонија и да се запознаат со работата на истото. Исто така, учесниците на средбата имаа активности со Европска димензија во кои, поделени во интернационални тимови, ни ги презентираа културите на земјите од проектното партнерство.

Од нашето културно и историско богатство им беа претставени Музеј на град Кавадарци, Охрид, Заливот на коските, Св. Наум, археолошкиот локалитет Стоби, Спомен-куќата на Мајка Тереза, музеите во Скопје, Кањонот Матка, пештерата Врело, како и присуствуваа на балетската претстава „Лебедово езеро“ во Националната Опера и Балет.