Гимназијата „Добри Даскалов“ домаќин на регионалниот натпревар по информатика
Објавено на: 07.03.2020
Традиционално како и секоја година, така и оваа учебна година се одржуваат циклус натпревари по информатика од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ. Сите натпревари во рамките и на овогодишниот циклус натпревари се спроведуваат преку системот МЕНДО.
И оваа учебна година наши ученици се вклучија во циклусот натпревари по информатика. Најпрво, во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 24 февруари (понеделник) беше одржан училишниот натпревар кој имаше за цел да им овозможи на менторите да направат селекција на тројца претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа учениците Стефан Милков од I година, Иван Крстев, Димитар Манчев, Александар Кадров, Блаже Бањански, Александар Кадров од III година, под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова, и Стефан Срњаков, Јован Манчев и Македонка Бинова од IV година, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.
XXVIII регионален натпревар по информатика се одржа на 7 март 2020 год. (сабота) во четири региони. Еден од регионите како домаќин беше и нашата гимназија, како резултат на одличната соработка на нашето училиште и ЗИМ. На овој натпревар нашето училиште како домаќин имаше право да пријави дополнително уште тројца ученици за регионален натпревар. На регионалниот натпревар учествуваа учениците Стефан Милков и Мајкл Георгиевски од I година, Иван Крстев, Димитар Манчев и Блаже Бањански од III година, под менторство на проф. Благородна Лазова, и Стефан Срњаков и Јован Манчев од IV година, под менторство на проф. м-р Зоран Милевски.
По завршувањето на натпреварот учениците Стефан Милков, Мајк Георгиевски од I година, Стефан Срњаков и Јован Манчев од IV годниа, според освоените поени се поканети да учествуваат на Државниот натпревар кој што ќе се одржи на 22 март 2020 година на ФИНКИ во Скопје.
Им посакуваме многу успеси на учениците во текот на натпреварите.