Избран Дете правобранител и негови заменици


Објавено на: 10.11.2021

Дете Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето.

По издадениот повик во текот на месец октомври 2021 година, на ден 03.11.2021година од редот на пријавените кандидати  по пат на интервју  Тимот за Ресурсен пакет за Дете правобранител го  избраа  ученикот  Блаже Игнатовски од III7 клас, a за негови заменици беа  избрани  учениците Данка Стојкова од I7 и Филип Попов од I4 клас. На избраните ученици им посакуваме успешна работа на новоизбраната функција која ќе ја извршуваат во мандат од две учебни години.