Општински натпревар по Биологија


Објавено на: 07.02.2022

Општинскиот натпревар по Биологија оваа година се одржа на 07.02.2022 година на кој зедоа учество ученицте од нашето училиште СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ и учениците од  СОЗШУ „ Ѓорче Петров“. 

Заради состојбата со пандемијата предизвикана од вирусот  COVID-19 и оваа година натпреварот беше организиран online преку Microsoft Times. Се натпреваруваа 10 ученици од I,II и IV година и постигнаа одлични резултати. Честитки до сите наши ученици кои и покрај многуте задачи и обврски имаат желба да ги прошират своите знаења.

Учениците од I година под менторство на проф. Елизабета Иговска ги постигнаа следниве резултати:

  1. Тодор Пењушков I-5 – I награда
  2. Матеа Мукаетова I-5 – I награда
  3. Стефанија Сaрафимова I-5 – II награда

Учениците од II година под менторство на проф. Богде Коцева ги постигнаа следниве резултати:

  1. Томе Ѓондев II-3 – II награда
  2. Фросина Настова II-5 – II награда
  3. Ивана Илова од II-5 – II награда
  4. Благица Сивакова II-5 – II награда
  5. Љупче Каракутовски II-3 – III награда

Учениците од IV година под менторство на проф. Богде Коцева ги постигнаа следниве резултати:

  1. Благој Трајков IV-3- II награда
  2. Милица Василова IV-3- III награда

Сите ученици освоија награди, a тоа им овозможи да се пласираат на Регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 26 март.

Освојувајќи ги наградите нашите ученици уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите. Тие се амбициозни, вредни и со натпреварувачки дух.

Многу успех им посакуваме и на следните натпревари, а од нас менторите ќе ја добијат целосната подршка за понатамошни успеси.