МАТЕМАТИКАТА МЕ ИНСπРИРА


Објавено на: 15.03.2022

Меѓународниот ден на МАТЕМАТИКАТА (  ПИ-ден ), го одбележавме со низа  активности:

-Организирање натпревар;

-Дизајнирање  на маици;

-Изработка на презентација;

-Изработка на хамер;

-Изработка на флаери.

 

Учениците се натпреваруваа во помнење на децималите на бројот ПИ.

За натпреварот, ученикот Мајкл Георгиевски од III-3 клас направи програма со која компјутерски се проверуваше точноста на внесените вредностите за ПИ од натпреварувачите. Се прикажуваше бројот на точни децимали и  ранг листа на натпреварувачите.

Учениците се натпреваруваа и забавуваа.Ученикот Тасев Круме од III-3 клас,беше победник во натпреварот со најголем број запомнети децимали на бројот ПИ (76 ).

Ученикот Михаил Наумов од III-2 клас ,за прославата дизајнира маица со натпис -Математиката ме инсπрира.

Теодора од III-5клас изработи презентација, ученичките Вероника, Деспина, Невенка, Андреа од III-3клас изработија хамер, Андријана од III-5 клас флаери, а Тодор видеопрезентација за прославата на денот ПИ.

 

 

 

 

 

 

 

.

 

Учениците се натпреваруваа, се забавуваа и се надевам инспирираа за продлабочување на знаењата по математика.